Роберт Левандовски и Кингсли Коман се степале за време на денешниот тренинг на Баерн Минхен, тврди „Билд“.

Тие биле разделувани од Никлас Зуле, Жером Боатенг и други од соиграчи. За изненадување на сите, сепак тренерот Нико Ковач ги оставил двајцата да завршат со тренингот, наместо да ги отстрани во моментот, каква е практиката во такви случаи.

Инцидентот доаѓа денови по извонредниот триумф од 5:0 над Борусија Дортмунд во средба од Бундеслигата, со која баварците си го вратија водството и веќе се фаворити за титулата.