Македонската одбојкарска репрезентација постигна втора победа на Европското првенство против Словенија која ја совлада со 3:1.
Одбојкарите одиграа одлично и и водеа со 0:2 во сетови. Првиот сет го добивме со 24:26, а вториот беше за аналите константно имавме меч топка и конечно ја искористивме за 28:30!
Победата на овој осминафинален натпревар од Европското првенство (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) над Словенија се случи сред Љубљана, во последното коло од групата Ц.
Нашите одбојкари направија вистинско чудо, нешто што никој не очекуваше, ја замолкнаа полната „Стожице“ и се радуваа на нова историја!
Вчерашната победа над Белорусија го врати оптимизмот кај нашите одбојкари и ги поттикна денеска да одиграат на врвно ниво и да го победиме домаќинот. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал, но падна на колена пред нашата репрезентација.
Честито победа Македонијо!