Историски ден за македонското карате и македонскиот спорт. Петар Спасеновски и Доан Османи денеска станаа европски шампиони во У21, на континенталниот шампионат во карате за помлади категории.
Европското првенство Македонија го заврши со вкупно четири медали, по две златни и две сребрени.
Покрај денешните први места, вчера македонските каратисти Глигор Петков стана вицепампион за јуниори, а претходно Бојан Костов освои сребрен медал кај кадетите.