Италија триумфираше попладнево над Велс со 1:0 (1:0), додека Швајцарија ја совлада Турција со 3:1 (2:0), во завршното трето коло од групата А на ЕУРО2020.

Пласман во осминафиналето обезбедија Италија и Велс, додека Швајцарија ги заврши настапите во групата А како третопласирана со идентичен број на бодови како и Велс (4), но поради послаба гол-разлика ќе мора да ја чека разврската во преостанатите пет групи за евентуален пласман во нокаут фазата.

Италијанците, кои се без пораз на последните 30 натпревари, ја забележаа својата 11. победа во серија со голот на Матео Песина во 39 минута на „Олимпико“ во Рим, и со максимален ефект од девет бодови ја заокружија групната фаза на Европското првенство

Швајцарија триумфираше во Баку над Турција со головите на Харис Сеферовиќ (6. минута) и Џердан Шакири (26., 68. минута). Ирхан Кавечи беше стрелец на почесниот гол за Турција, која имаше разочарувачки настап на ЕУРО2020 забележувајќи три порази со гол-разлика (1:8).