Утрешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски на функцијата селектор на Македонија, неговиот договор со ФФМ истекува.

Со крајот на настапот на Македонија на Европското првенство завршува и договорот на Игор Ангеловски за селектор на репрезентацијата.

Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таков човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија – на Европско, второ место во квалификациите за СП. Тоа доволно говори за се што направивме. Максимално посветено до последен ден ќе го одработам договорот, а не сакам ништо да зборувам за иднината“, вели Ангеловски.

Во последно време Ангеловски често се поврзува со некои клубови, па веројатно од следната сезона ќе седне на некое друго тренерско столче и ќе му се врати на клупскиот фудбал.