По победата на Словенија над Послка со 3:1, вечерва се очекуваше вториот финалист на ЕП во одбојка. Во Париз играа Франција и Србија.
Домаќините поведоа со 1:0 во сетови, тоа им ја отвори надежта, но Србија лесно сврте на 2:1.
Следеше фуриозен четврти сет на Французите со кој израмнија на 2:2 и кога преполната сала очекуваше победа и финале, Србите им одржаа лекциоја на домаќините и ги победија со 15:7 во петтиот сет, за конечни 3:2 и за балканско финале на ЕП во одбојка.