Во натпреварите од А групата на ЕП во ракомет, Германија ја победи Холандија со 33:22, во натпревар во кој победникот беше познат од самиот почеток и кој не претставуваше ништо друго освен загревање за Германците.

Во другиот натпревар, Хрватска ја совлада Црна Гора со 27:21. Црногорците добро се држеа во првото полувреме, го завршија со водство од 13:12, но веќе на самиот старт на второто полувреме, откако Хрватска заигра посериозно во одбраната, стана јасно дека работите си доаѓаат на своето место.

Утре се играат и натпреварите од нашата група. Ние играме со Украина, а натпреварот во кој очекуваме победа започнува во 20 часот и 30 минути.