Според тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, до скоро повредениот Д’Анџело Расел може да се врати на теренот веќе в сабота за средбата со Лос Анџелес клиперс.

Расел пропушти пет натпревари во низа поради повреда на рамото. Со тренинзи продолжи во вторникот.

Голден Стејт оваа сезона постојано се соочува со повредени играчи. Екипата која до пред две сезони беше во врвот на НБА лигата, сега е меѓу најслабите.