Ватерполо репрезентацијата на Србија го освои петтото место на Европското првенство во Будимпешта. Популарните „делфини“ попладнево го совладаа актуелниот светскиот шампион, Италија со 8:7.
По два гола за селекцијата на северниот сосед постигнаа Милан Алексиќ и Филип Филиповиќ, најефикасен, пак, во базенот беше Италијанецот Ди Фулвио со три погодоци.
Претходно Грција ја совлада Русија со 11:9.
Во борба за бронзениот медал на ЕП, Хрватска загуби од Црна Гора со 9:10, а во тек е големото финале меѓу Унгарија и Шпанија.