Хрватска го загуби финалето на ЕП во ракомет од Шпанија со 22:20.

Хрватите губеа и по првиот дел со 12:11.

Ова беше игра на двете одбрани, што го покажува и малиот број постигнати голови, кој е еднаков на бројот на голови од времето кога не постоеше правилото за пасивна игра.

Хрватите бркаа резултат во поголемиот дел од натпреварот, во еден момент во второто полувреме Шпанците поведоа и со 4 голови разлика, но се чини клучот на победата на Шпанците беше во последните две ипол минути.

При нерешен резултат, еден очаен шут на Шпанија, хрватскиот голман ја испушти топката која веќе ја имаше в раце и тоа беше предност за црвените од еден гол. Хрватите брзо израмнија бидејќи голот на Шпанија беше празен, но потоа следеа две нивни почетнички грешки, последната на Карачиќ кога направи чекори во напад во 60-тата минута кога се очекуваше израмнување и евентуални продложенија, и тоа беше крај.

Натпреварот не беше убав, како и повеќето кои се играат во финале, но демонстрираше титанска игра во одбраната на двете екипи. Кај Хратите недостигаше Циндриќ, а левиот бек Степанчиќ не е е секогаш сигурен како играч кој би го презел товарот од Дувњак. Тоа е системски проблем на оваа репрезентација, како нашиот со непостоење замена за Кире Лазаров и со несигурноста на Талевски и Кузмановски, кој доколку не го решат, во иднина тешко дека ќе можат да се надеваат на медаљи.