Од декември, кога беше прогласена епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, досега, се регистрирани 75 заболени, информираа од Министерството за здравство.
МРП вакцина, како што се наведува, примиле 3.913 лица. Во моментов на Клиниката за инфективни заболувања има 21 пациент со морбили. На домашно лекување се тројца пациенти, посочуваат од Министерството за здравство.