Корона вирусот пустоши низ цивилизирана Европа, многу држави се соочуваат со стотици ново заразени во текот на само еден ден и последнава недела жариштата се во Италија, Шпанија, Германија, Австрија и Швајцарија.
Но, она што се случува во Италија е историска трагедија каде на дневна база последнава недела имаше 2-3 илјади заразени за денес бројот на ново заразени да се искачи на 5.322 во само еден ден! Никој во светот не им помага освен Кина. ЕУ во Италија не постои, ниту еден чекор Европската унија не презема да ја намали оваа италијанска трагедија по што секако ќе следи жесток политички одговор од Италија откако кризата, еден ден, ќе помине.
Италија со вакви димензии на кризата, 5.000 заболени во само еден ден, кога состојбата е во слободен пад има потреба од стручен медицински персонал, пари, медицинска техника но ништо од ова не дојде од Европската унија. Напротив, прво соседите, а потоа и другите ги затворија своите граници кон Италија и не сакаат никој од таа држава да влезе во нивните земји.
Европската унија денес, допрва, објави дека ќе формира заеднички европски центар за помош при кризи. Италија, за да се знае, е еден од основачите на ЕУ пред чии очи Италија осамена доживува историска драма со смртност повеќе од двојно поголема и од онаа во Кина, од 9.800 вкупно до сега починати во светот од корона вирус дури 3.405 се од Италија со што ја надмина и Кина која досега има 3.245 жртви.
Извор: Вечер