Фризерско студио од скопската населба Аеродром, во изминативе три години добило повеќе од 270.000 евра преку програмата Еразмус плус, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е екс пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, објави А1Он.
Димова е и позната активистка од тн. шарена револуција, која го возеше и комбето со бои за фарбање на фасадите и спомениците низ Скопје.
Како што пишува порталот, фризерницата нема ни ознака на името, на вратата пишува фризерски салон, а во ќошот стои бројот на локалот 15б на булевар Видое Смилевски-Бато.
Димова тврди дека „ништо не е спорно тоа што фризерница и годинава добила четири грантови во три акции на Еразмус плус“.
Сопственикот на фризерницата, пак, вели „едноставно се пријавив на конкурс и ме избраа“.
Во останатите земји, најголем дел од овие апликации добиле универзитети, а потоа здруженија кои се занимаваат со едукација и државни институции.
(Опширна информација за овој случај објави А1Он: Линк)