Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на средба во Сочи на претседателот на Русија Владимир Путин му ги објасни целите на турската операција во Сирија.
– Господинот Ердоган детално ми ги објасни целите на турската воена операција долж границата со Сирија, изјави Путин после разговорот со Ердоган.
Рускиот претседател нагласи дека е важно „припадниците на терористичките организации, особено Исламска држава, кои ги држат курдските воени сили, а кои се обидуваат да избегаат, да не ја искористат акцијата на турските воени сили“.
Во меѓувреме, некои светски агенции, повикувајќи се на руски дипломати јавија дека „Турција ќе го продолжи прекинот на огнот во северна Сирија за уште 150 часа, или повеќе од шест дена“.