Ердоган: Европа падна

/ 09.12.2018

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по повод протестите и судирите ширум Европа, оцени дека Европа паднала на испитот по демократија, човекови права и слободи.

Ердоган изрази загриженост поради случувањата на улиците на европските градови, пренесува агенцијата „Анадолија“.

„Се противиме на хаосот кој го предизвикуваат демонстрантите, но и несразмерната употреба на сила врз нив“, изјави турскиот претседател синоќа во Истанбул.

„Тие кои поради политички популизам поттикнуваа на антиисламизам и антимигрантски ставови, упаднаа во јамите ископани со свои раце. Ѕидовите на сигурност и просперитет, пред кои толку се тресеа, почнаа да се тресат, но не поради бегалците или муслиманите, тие ѕидови се тресат од нивните сопствени граѓани“, изјави Ердоган.


Од истата категорија