Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да го изгради својот осумстран монументален одговор на американското седиште на Министерство за одбрана со пет страни.

Името на комплексот  Полумесечина и ѕвезда го избра администрацијата на Ердоган. А турскиот претседател изјави дека огромната зграда е дизајнирана да внесе „страв кај непријателите и доверба кај сојузниците.”

Познато е дека Ердоган е љубител на огромна инфраструктура, така што Октагон треба да го собори светскиот рекорд на Пентагон како најголема деловна зграда во светот.