Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја е членка на Северноатлантската алијанса, денеска изјави дека нема да дозволи Шведска и Финска да влезат во НАТО, пренесува Хина.
Ердоган на прес-конференција рече дека шведската и финската делегација не мора ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат Анкара да го поддржи нивното барање.
– Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно, рекол Ердоган, пренесува Хина повикувајќи се на РИА Новости.
– Како да им веруваме? Шведска е плодна почва за терористички организации, рекол шефот на турската држава.