Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да ги напуштат регионите источно од реката Еуфрат како дел од процесот Астана за Сирија.
Како што јави агенцијата Анадолија, тој истакна дека припадници на американската војска во Сирија продолжуваат да обучуваат терористи додека веат знаме на режимот.
– Нова антитерористичка операција во северна Сирија ќе биде на маса сè додека не се излезе во пресрет на долгогодишните грижи, рече турскиот претседател.
Турскиот претседател натаму додава:
– Сакаме Русија и Иран да бидат со нас во борбата против терористичките организации 30 километри јужно од сириската граница. Тие би требало да ни ја дадат потребната поддршка, рече Ердоган.