Претседателот на турција,Реџеп Тајип Ердоган денска изјави дека санкциите на САД кон неговата земја се одраз на непочитување кон важниот сојузник во НАТО.
– Турција ќе биде трпелива и ќе види какви ќе бидат односите со новата администрација од следниот месец, посочи Ердоган.
Претходно, списанието „Форин полиси“ објави дека САД би можеле да воведат санкции кон Турција поради набавката на рускиот противракетен систем С-400.
САД и Турција подолго време имаат несогласувања, за купувањетона руско оружје, за политиката за Сирија и за други прашања.