Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека Турција се согласила да ги поддржи кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО.

Заеднички меморандум за ова прашање е потпишан од Турција, Финска и Шведска денеска во Мадрид пред самитот на НАТО, се вели во соопштението на Ниинисто.

Заедничкиот меморандум ја нагласува посветеноста на Финска, Шведска и Турција „да ја дадат својата целосна поддршка против заканите за меѓусебната безбедност“, додаде тој.

„Конкретните чекори за нашиот пристап во НАТО ќе бидат договорени од сојузниците на НАТО во текот на следните два дена, но таа одлука сега е неизбежна“, додаде тој, пренесе Си-Ен-Ен.