Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека нов референдум за независност на Шкотска ќе се одржи на 19 октомври 2023 година, пренесува скопска Република.

Законот за независност мора да биде усвоен од два парламента – британскиот и шкотскиот, така што само референдум не може да ја направи Шкотска независна.

Поставеното прашање ќе биде исто како и на гласањето во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“.

Старџен вели дека е „подготвена и има волја“ да преговара со владата на Вестминстер за условите на вториот референдум за независност.

„Она што никогаш нема да го направам е да дозволам шкотската демократија да биде заробеник на Борис Џонсон или на кој било британски премиер“, рече Старџен.