Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Од моментот кога ќе почне испораката на системите, ќе бидат одреди локациите каде тие ќе бидат лоцирани, нагласи тој.
Според него, зделката со Русија е направена со „многу добри услови за Турција“. Ердоган ја даде таа изјава синоќа по предупредувањата од Вашингтон дека ќе воведе санкции за Турција поради купување на ракетните системи С-400 од Русија.