Најмалку 13 турски војници загинаа при воздушен напад врз набљудувачки пункт во сириската провинција Идлиб, изјави неименувам претставник на турската армија.

При нападот врз набљудувачкиот пункт во селото Кансафра повредени се неколку турски војници.

Ситуацијата во покраината Идлиб се влоши кон крајот на јануари кога сириската армија покрена офанзива против екстремистите, кои го прекршија примирјето.

Москва повеќе пати изрази поддршка на антитерористичките акции, додека Анкара тврди дека сириската армија го прекрши мировниот договор од Сочи.