Не го гледам (еврокомесарот за надворешни работи Жозеп) Борел како соговорник. Тој може да биде само соговорник на Мевлут бег (турски министер за надворешни работи)!
Вака турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја коментираше изјавата на Борел дека е загрижен за односите на Турција со Русија, а и дека Анкара не се приклучува кон антируските санкции.
– Тоа е грда изјава. Прво, Борел не може да ги одреди и регулира нашите односи со Русија. Тој нема ниту квалификации, ниту способност да донесува одлуки за овие прашања, рече Ердоган.