Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен има намера да се пресели во Интер во зимскиот преоден рок.
Дваесет и седумгодишниот играч од средниот ред веќе се сретнал со претседателот на лондонскиот клуб Даниел Леви и ја објави својата желба да го промени тимот.
Се очекува Леви по денешниот натпревар на Тотенхем со Норвич, да се сретне со агентот на фудбалерот и да ги договори условите за трансферот.
Интер е подготвен да понуди 15 милиони евра за Ериксен со бонуси, за Тотенхем бара 20 милиони.
За потсетување, договорот на Ериксен со лондончани важи до крајот на оваа сезона.