Вулканот де Фуего (Огнен вулкан) во Гватемала вчера еруптираше и исфрли пепел во височина од околу шест километри поради што се евакуираат жителите од околните градови.

Вулканот висок 3.763 метри исфрли вжештена пепел, гас и камења,

Гватемалскиот Национален институт за сеизмологија, вулканологија, метеорологија и хидрологија предупреди на можни излевања на кал и отпад поради претстојните врнежи.

При ерупција на вулканот де Фуего во 2018 година загинаа околу 40 луѓе, а стотици се водат за исчезнати. Ерупцијата на вулканот де Фуего, лоциран на 40 километри југозападно од Гватемала Сити, погоди повеќе од 1,7 милиони луѓе бидејќи лавата и пепелта затрупаа неколку села во општините Ескуинта, Алотенанго и Сан Педро Јепокапа.