Летовите до и од аеродромот Катанија во јужна Италија се откажани изутринава поради ерупција на вулканот Етна, соопшти компанијата за управување на аеродромот.
Компанија „Сак“, која управува со меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“, соопшти дека летовите се откажани до 13 часот (13:00 GMT).
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија е еден од најактивните вулкани во светот со чести ерупции. Вулканот е висок повеќе од 3.300 метри, и е еден од највисоките во Европа.