Јапонската метеоролошка служба денеска издаде предупредување поради ерупција на вулкан во југозападниот дел на земјата, јави агенцијата Кјодо.
Вулканот исфрлил камења речиси еден километар од кратерот на планината Отака, во префектурата Кагошима. Нема повредени по ерупцијата, која се случи околу два часот по полноќ, по локално време.
Метеоролошката служба објави дека во сила е третото ниво на тревога, на петтостепената скала.
Јапонија има повеќе од 100 вулкани и се наоѓа во делот на Тихиот Океан кој е познат како Пацифички огнен прстен поради честите земјотреси и ерупции.