Ерусалимската православна црква го обвини Израел денеска за бомбардирањето во текот на ноќта на нејзиниот културен центар во градот Газа и го осуди „директниот и неоправдан напад“.

„Овој напад претставува остро олицетворение на неоправданата решеност на Израел да ја уништи цивилната инфраструктура и центрите за социјална служба, како и засолништата за цивилите заробени во опколената енклава“, се вели во соопштението на црквата.

Фото: МИА архива