Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се повлече од турнирот во Индијан Велс.
Причините за откажувањето на австралиската тенисерка да учествува на турнирот во Калифорнија сè уште не се познати.
Нејзиното место ќе го заземе претставничката на Словенија, Полона Херцог.
Претходно, од турнирот се повлече и Јапонката Наоми Осака.
Мастерсот во Индијан Велс ќе се одржи од 7 до 17 октомври.