Поранешниот министер за одбрана на САД, Марк Еспер, изјави дека САД треба да распоредат дополнителна војска долж крајбрежјето на Црното Море во Бугарија и Романија, за запирање на потенцијалната агресија од страна на Русија, во време кога тензиите на релација Москва – Вашингтон се зголемуваат. 

Мислам дека е потребно  и натаму да стоиме спроти Русија и да се обидеме да го запреме нејзинoто лошо поведение, изјави синоќа Еспер, кој сега е соработник во Институт за меѓународно лидерство Мекејн во државниот Универзитет на Аризона.

Вашингтон треба да им даде сигурност на европските сојузници и да ја засили врската со НАТО, со распоредување дополнителни сили во Полска, во Балтичките земји, ако има смисла за тоа, и во такви места како Бугарија и Романија, можеби не за постојано, но на ротирачка основа, изјави Еспер за некои американски медиуми. 

САД вчера објавија засилување на својот контингент во Германија, а во заднинита на новите тензии во односите со Русија поради Украина. Вашингтон со тоа ги откажа плановите на поранешнот претседател Доналд Трамп да повлече околу 12.000 американски војници, од вкупната бројка од 36.000 војници, распоредени во оваа  земја.