Од шесте големи европски држави Франција има најлута јавност, покажа истражување на јавното мислење кое ги опфатило и Германија, Шпанија, Италија, Австрија и Полска.
Истражувањето, кое е објавено денеска и во пресрет на европските избори во мај, покажа дека 87 отсто од Французите имаат „негативни“ чувства, во споредба со 86 отсто од Шпанците, 67 отсто од Полјаците, 63 отсто од Италијанците, 61 процент од Германците.
Околу 49 отсто од Французите се лути, згрозени или исплашени, 39 отсто сакаат радикална промена и 81 отсто сметаат дека елитите се против нив.
Чувствата против системот во Франција се поочогледни изминатите месеци и се одразуваат во разни движења, меѓу кои и Жолтите елеци.
Во Франција, исто така, највисок е процентот на луѓето кои сакаат земјата да ја напушти ЕУ – 17 отсто, додека во Австрија тој процент изнесува 13, 11 отсто во Германија, осум отсто во Италија и седум отсто во Полска и Шпанија.
Во ЕУ како целина, истражувањето предвидува изборните загуби во мај за централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП), социјалдемократите и зелените, а придобивки за евроскептиците и десничарите.
Истражувањето го спроведе конзорциум од европски истражувачки институти, меѓу кои и СВГ од Италија, германскиот ИНСА, францускиот ИФОП, шпанскиот СИГМА ДОС и полскиот ИБРИС