Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент.
Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.
Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.
Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.
Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател.
Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.