Државјаните на Австрија, Словенија и Унгарија ќе можат слободно, надвор од воспоставените контролните точки, да ги минуваат меѓусебните граници, со што граничниот сообраќај меѓу овие земји по неколку месеци комплетно се нормализира.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, словенечката Влада одлучи за граѓаните на Австрија и Унгарија да немаат ограничувања, ниту карантин или самоизолација по влезот во земјата.
Словенечката Влада направи листа на држави каде има поволна епидемиолошка состојба во однос на коронавирусот, а државјаните на тие земји се изземени до карантин по влезот во државата. Од денес таа листа е проширена и со Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.