Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со градоначалниците на 11 општини и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска и утре во Брисел ќе учествува во работата на 16. состанок на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на Македонија и Комитетот на региони (КоР) на Европската Унија и на пленарната сесија на „Денот на проширувањето“ во организација на Европската Комисија.
Заедничкиот консултативен комитет е тело формирано во рамки на Европската комисија. Во него членуваат претставници на локалната власт од Македонија и од земји членки на ЕУ, а улогата му е да ги поддржи локалните власти во интегрирањето на земјата во Унијата.
Претходниот состанок на Заедничкиот консултативен комитет се оддржа на 11 септември минатата година во Скопје