Европската унија се подготвува да реагира против непропорционалното количество британска телевизиска и филмска содржина прикажана во Европа по брегзит.
Велика Британија е најголем производител на филмски и ТВ програми во Европа, вреден 1,4 милијарди фунти од продажба на меѓународни права, но нејзината внатрешна доминација е опишана како закана за европската културна разновидност во документ на ЕУ, до кој дојде британскиот дневен весник „Гардијан“.
Според директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги, повеќето програми што се емитуваат мора да бидат европски содржини и мораат да сочинуваат најмалку 30 отсто од бројот на наслови на платформите видео-по-барање (VOD), како што се Нетфликс и Амазон.
Франција поставуви квота од 60 проценти за европска содржина.