Астра Зенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран лек со антитела со долго дејство за пациенти со Ковид-19, Евушелд, е одобрен во Европската унија за лица на возраст од 12 години и постари.
Одобрувањето на Европската комисија е засновано на резултатите од третата фаза од студијата за Евушелд, соопшти британско-шведската фирма.
Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на Ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку.
Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на Ковид-19 кај возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година, и веќе е достапен во повеќето земји во Европа.