Европската унија и НАТО денеска ја објавија одлуката за формирање оперативна група за заштита и отпорност на критичната инфраструктура, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на состанокот на Колеџот на комесари на кој е поканет да присуствува и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Во оперативната група експерти на ЕУ и НАТО ќе работат заедно на идентификација на клучните закани за нашата критична инфраструктура, на проучување на ранливостите и ќе на развивање клучни принципи за подобрување на отпорноста, но и на понуда предлози за мерки и акции за санација, нагласи Фон дер Лејен.
Таа посочи дека оперативната група првично ќе ги опфати транспортот, енергетиката, дигиталната област… а потоа ќе ги информира земјите-членки на ЕУ и на НАТО.
– НАТО и ЕУ работат заедно и решивме да формираме Работна група за отпорност и критична инфраструктура. Наша желба е да размислуваме заедно како да ја направиме нашата критична инфраструктура и технологија поотпорна на потенцијални закани и да преземеме активности за да ги отстраниме можните пропусти. Тоа е важен чекор кон зајакнување на нашите општества, рече Столтенберг.
На денешната редовна средба на комесарите на Европската комисија, во присуство на првиот човек на Алијансата, тема е поддршката за Украина и последиците по европската безбедност.
Фон дер Лајен изјави дека ќе разговараат и за потенцијални промени кои се неопходни во политиките на Унијата и НАТО за безбедноста на Европа и европскиот регион.