Полска ќе ѝ возврати на Европската унија доколку не ѝ ги исплати наменетите средства за закрепнување од пандемијата на коронавирусот, соопшти во вторникот власта во Варшава откако од Брисел сигнализираа дека „не се задоволни“ со нејзините последни правосудни реформи.

Повеќе од 35 милијарди евра се ставени на чекање поради спорот меѓу Брисел и Варшава во врска со правосудните реформи коишто полската владејачка партија Право и справедливост (PiS) ги смета за раскрстување со комунистичкото наследство, додека ЕУ тврди дека ги крши демократските стандарди и владеењето на правото.

Европската комисија одобри средства за Полска во јуни, но шефицата Урсула фон дер Лејен изјави во текот на посетата на земјата дека е потребно уште да се работи на владеењето на правото.

Владејачката партија PiS објави во вторникот дека целта на реформите во правосудството е системот да биде поефикасен, отфрлајќи ги обвинувањата дека се меша во судовите од политички причини.

„Доколку има обиди за блокада на исплатата, а Европската комисија се обиде да направи притисок врз нас, немаме друг избор освен да го извлечеме сите оружја од нашиот арсенал и да одговориме со баражен оган“, изјави за полското јавно радио Кжиштоф Сонолевски, генерален секретар на PiS но не прецизираше на што конкретно мисли.

Одбивањето на Варшава да се согласи на барањата од Европската комисија во врска со правосудството ги поттикна критиките од опозицијата дека PiS сака да ја извлече Полска од ЕУ што владата го отфрла.

Највисокиот Судот на ЕУ кон средината на февраури ги отфрли тужбите на Полска и Унгарија поротив воведувањето на европскиот механизам кој предвидува запирање на исплатите на парите од европските фондови поради нарушување на владеењето на правото. Брисел го воспостави споменатиот механизам за да ги критикува владите во Будимпешта и Варшава за наводно кршење на владеењето на правото кое е на сила во ЕУ.

Оваа пресуда е без преседан и се смета за историска за да служи за идни постапки за парично казнување на државите членки на ЕУ кои би го кршеле принципот на владеење на правото, како што се на пример, мешњато и влијанието на владата врз правосудството. Но во ЕУ има забелешки што некои земји членки никогаш не се ниту критикувани на оваа тема и покрај очигледните нарушувања на таквите принципи.

Варшава и Будимпешта поднесоа поединечни тужби во Судот на Европската унија во кои бараа да се поништи таквата Уредба, тврдејќи дека тоа е спротивна на Договорот за ЕУ. Нивното побивање, меѓу другите причини, се темели на непостоењето или несоодветноста на правна основа на одбрана од Уредбата, нејзината неусогласеност со Договорото за ЕУ.