Не грижете се, ЕУ ќе ни прати леб, се вели во реакцијата на Фејсбук на скопјанката Виолета Петковска.

– Не грижете се, ЕУ ќе ни прати леб, нели ќе не хранеше… Одвај дочека ЕУ и леб да снема, па по авионите на НАТО експресно ќе ни прати. Откако влеговме во НАТО прв пат снема леб, се вели во ироничниот коментар на Петковска.

Македонците добро паметат дека една од неофицијалните пароли на гарнитурата што го менуваше името на Република Македонија за влез во НАТО и ЕУ беше „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“.

Но, имаше и официјални пароли од партијата на власт (СДСМ) со порака преку билборди, со која јавноста беше доведувана во заблуда, со „бесплатно здравство во цела ЕУ“ откако ќе го смениме името и ќе влеземе во НАТО и ЕУ.

(Д.Г.)