Портпаролката на Мисијата на ЕУ во Косово, Динка Живаљ, одби да ја коментира објавата на специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел за средба на претставници на Белград и Приштина во Вашингтон на 27 јуни.

Живаљ потенцираше дека нема да ги коментира другите.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, објави вчера дека владите на Србија и на Косово се обврзале дека ќе ја запрат кампањата за повлекување на признавањето независност, односно за членство во меѓународни организации, заради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон.

.„Ако која било страна е незадоволна од разговорите на 27 јуни, тогаш тие ќе се вратат во статус кво откако ќе го напуштат Вашингтон“, напиша Гренел на Твитер.