Одборот на Европскиот парламент вчера со 23 гласа „за“ и 11 „против“ изгласа одлука од 2021 година да се укине поместување на стрелките на часовникот, кое со децении се случуваше два пати годишно, објавуваат агенциите.

Останува на пратениците да одлучат кое време во иднина ќе биде прифатено, летното или зимското, а во ЕУ постои разијдување во врска со тоа, кое од двете времиња да биде прифатено како стандард.

Многу држави членки на ЕУ ја воспоставија промената на времето во текот на нафтената криза во 1970-те години, како обид за заштеда на енергија.

Од 1996 година сите членки на ЕУ истовремено го менуваат времето.

Предлогот сега оди пред Европскиот парламент и парламентите на членките на Унијата.