Европската Унија соопшти дека слободната пловидба низ Ормуска Теснина мора да биде „без никакви плаќања или давачки“, откако Иран посочи дека може да наплаќа за преминување низ клучниот морски премин.
– Меѓународното право предвидува слободна пловидба, што значи… во основа без никакви плаќања или давачки, изјави портпаролот на Европската комисија – Ануар Ел Ануни.
Тој додаде дека „слободната пловидба е јавно добро и мора да се обезбеди“.




