Европската унија прифати да раководи со меѓународна контакт група со јужноамерикански држави за решавање на политичката криза во Венецуела со одржување нови избори. Тоа го изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.
Во групата се Велика Британија, Франција, Германија, Боливија и Еквадор.
Таа ќе ја прекине работата по 90 денови, но ако нема напредок е подготвена за нови санкции против владата на претседателот Николас Мадуро.
– ЕУ целосно го поддржува Парламентот на Венецуела и неговиот претседател Хуан Гуаидо, изјави Могерини.