Чешката национална банка претстави огромна златна монета по повод 100-годишнината од основањето на круната како национална парична единица.

-Монетата е со тежина од 130 килограми и дијаметар повеќе до 50 сантиметри. Тоа е една од најголемите монети во светот и најголема во Европа, изјави портпарол на чешката Централна банка.

Номиналната вредност и е 100 милиони чешки круни (околу 3,9 милиони евра).

На едната страна има изгравирано лав кој држи штит со словачки двоен крст, додека од другата страна е логото на чешката Национална банка.