Италија се противи на намерата на Европската унија да се воведат санкции за државите кои вршат кибер напади. Тоа се нагласува во доверливиот документ во кој имале увид западни медиуми.
Според документот, таков потег би ја оддалечил Италија од сојузниците во ЕУ. Италија се залага за ублажување на санкциите кон Русија, кон која се воведени бројни економски санкции од украинската криза во 2014 година.
Во документот се наведува дека воведување санкции поддржале Британија, Франција, Естонија, Холандија, Романија, Словачка, Летонија, Литванија и Полска. Белгија Финска и Шведска поддржуваат „постепен одговор“ за идни напади.