Европската комисија објави денеска необврзувачки предлози со кои сака да обезбеди значителна улога на еврото во меѓународните трансакции и негова поширока употреба во функција на резервна светска валута.

Во моментот уделот на еврото во глобалните меѓународни плаќања е сличен на доларот и е нешто поголем од 35 отсто.

ЕУ е најголем увозник на енергенси во светот со просечна вредност од околу 300 милијарди евра, нагласува ЕК, и ги повикува државите од ЕУ во следните енергетски меѓународни договори да ја користат заедничката европска валута.

Тие доаваат дека ќе разгледаат мерки со кои би поттикнале производители на авиони како Ербас повеќе да го користат еврото.

Во финансискиот сектор ЕК би можела да предложи во клириншките куќи да се обработуваат повеќе категории договори за трговија за да се прошири пазарот на финансиски производи деноминирани во евра. Тие додаваат дека може да испитаат мерки за поддршка на планот на ЕЦБ за воспоставување единствен европски систем за инстант плаќања.