Европска Унија воведе санкции против шест лица и една паравоена организација, кои треба да го поткопаат „владеењето на правото, стабилноста и безбедноста“ во Молдавија.
– Молдавија е една од земјите најпогодени од последиците од илегалната инвазија на Русија на Украина. Има сериозни, засилени и постојани обиди за дестабилизација на оваа земја, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Санкциите се – замрзнување на имотот и воведување забрана за влез во ЕУ, а на граѓаните и на бизнисите на ЕУ им е забрането да обезбедуваат готовина на санкционираните.
Меѓу санкционираните се и висок член на руската Федерална служба за безбедност Дмитриј Милутин, паравоената организација Скутул Попорулуи и нивниот лидер Кирил Гузун.
Во соопштението на ЕУ за новите санкции се наведува дека Милутин е „одговорен за тајните операции на Русија во Молдавија од 2016 година, особено во регионот на Придњестровје“.
фото: МИА архива