Амбасадорите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) формално ја потврдија одлуката Србија следната недела да отвори две нови поглавја во преговорите за членството во ЕУ, дознава Танјуг од дипломатски извори на ЕУ.
Амбасадорите без дебата, едногласно ја поддржаа одлуката која претставниците на ЕУ во Советот задолжен за проширување (КОЕЛА) ја донесоа вчера за отворање на поглавјата 17 и 18 во пристапните преговори на Србија.
Поглавјето 17 се занимава со усогласување на српското законодавство со ЕУ во областа на економската и монетарната политика, а поглавјето 18 се однесува на усогласување во областа на статистиката.
Овие две поглавја ќе бидат отворени во Брисел в понеделник, 10 декември, на Меѓувладината конференција на ЕУ и Србија.
Србија со овие две поглавја ќе има отворено вкупно 16, од кои две времено се затворени, од вкупно 35-те преговарачки поглавја.