Членовите на Претседателството на БиХ утре во Сараево ќе се сретнат со еврокомесарот за соседски односи и проширување, Оливер Вархеји, соопшти Претседателството на БиХ.
Средбата треба да започне во 15 часот, по што ќе се одржи прес-конференција.
Од кабинетот на Вархеји беше потврдено за локални медиуми дека за време на дводневната посета, еврокомесарот со претставници на БиХ ќе разговара за реформите и следните чекори на европскиот пат на БиХ.